Катица Јанева под истрага за „Рекет“, побаран притвор


Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службенатра положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет”.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прес-конференција соопшти дека од досега обезбедените докази, има основи за проширување на истрагата за „Рекет” и врз Катица Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања заради стекнување имотна корист.

Јавното обвинителство денес соопшти дека заради вмешаност во случајот „Рекет“ е побаран притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски на денешната прес-конференција заедно со обвинителката Вилма Рускоска, која го води предметот „Рекет“ рече дека ЈО „утврди дека основите за сомневање се издигнаа на основано сомневање дека јавниот обвинител (К.Ј. н.з.) сторил кривично дело злоупотреба на службена положба.

Јовевски рече дека јавниот обвинител донесе наредба под истрага да биде и Катица Јанева и е побарана мерка притвор..

„Од ноември 2018 до април 2019 еден од осомничените преку претходни пријателски односи влијаел да се изврши службено дејствие кое не смеело да се случи“, рече Јовески.

Голем број полицајци го опколија денес домот и ја затворија улицата во скопската населба Козле каде живее Катица Јанева. Потоа таа беше однесена на судски распит.

Неколку медиуми објавија дека покрај шефицата на СЈО се апсат и двајца политичари, ОЈО на прес конференцијата ги демантираше овие информации со зборовите: Од кај нас како ОЈО не е издаден таков налог, можеби е од некое друго обвинителство. Моментално се бврши претрес во СЈО се одземаат предмети од Катица Јанева од типот на личниот компјутер, телефони, лаптоп и слично кои може да бидат дел во истрагата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1