Победник на Ролан Гарос 2021 во машка конкуренција е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Во финалето тој го победи Гркот Стефанос Циципас со 3:2, иако Гркот водеше со 2:0 по првите два сета.
Натпреварот траеше четири часа и 12 минути. Ѓоковиќ направи пет аса, со три двојни грешки и пет реализирани брејк топки од 16. Неговиот противник имаше 14 аса, четири двојни грешки три успешни брејка од осум можности.
Србинот е прв тенисер што ги освои сите четири Грен слем турнири двапати. Ова е негова втора победа на Ролан Гарос. Тој првпат победи во 2016 година. Триесет и четиригодишниот тенисер има и девет титули на Австралија опен, пет на Вимблдон и три на УС Опен.