Македонија може повеќе, одиме на победа со Украина


Македонската фудбалска репрезентација е поразена со 3-1 од Австрија на стартот од ЕП .

Австријците први го отворија резултатот со погодокот на Лајнер по една добро изработена акција. Но не за долго откако по грешка на противничката одбрана, Горан Пандев го израмни резултатот на 1-1. Горан Пандев го постигна првиот погодок за Македонија на едно големо натпреварување.

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, даде свое видување

– Одигравме добри осумдесетина минути. Знаевме дека во второто полувреме Австрија ќе притисне. Тие се физички многу помоќни од нас. Имаат добра клупа. Ние имавме некои контри што требаше подобро да ги искористиме, но таков е фудбалот. Примивме несреќен втор гол и мислам дека тогаш натпреварот беше решен, изјави Пандев.

Тој очекува исто така тежок натпревар во второто коло против Украина.

– Сега треба добро да се подготвиме за Украина. Овој натпревар за нас ќе биде одлучувачки. Треба да играме напаѓачки, на сè или ништо, додаде македонскиот капитен

Пандев им се заблагодари на навивачите кои допатуваа во Букурешт и во текот на целиот натпревар даваа голема поддршка „црвено-жолтите“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1