Ја врзале Вања за рацете и нозете и ја ставиле во вреќа за спиење


МВР под водство на ОЈО во текот на изминатата ноќ го расчисти слуучајот откако вчера се добија информации и се обезбедија докази и беа пронајдени телата на двете лица кои се водеа за исчезнати. Малолетничката и 74-годишното лице од Велес беа најдени убиени и закопани во близината на Скопје, односно во Велес.

Во врска со двата случаи осомничени се пет лица од кои три се веќе во притвор. Едно е надвор од земјава, а таткото на малолетничката е приведен и со него е извршен распит. Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор и со знаење на член на семејството организирало извршување на кривичното дело со цел да изнудат пари од мајката на Вања

Сите инволрвирани се идентификувани. Испитани се тројца од осомничените. Има признание за текот на настаните, кој што правел и кој за што бил задолжен. Се работи за две кривични дела, грабнување заради корист и убиство. Заради поврзаноста на двете со сторителите кои се исти тоа добива најтешка можна квалификација и се изрекува најтешка можна казна рече обвинителот Гаврил Бубевски на прес конференцијата во врска со убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Монструмите, откако таткото им дал информации кога излегува на училиште, ја начекале девојката во влезот од зградата во која живеела, ја врзале за рацете и нозете и ја ставиле во вреќа за спиење, објасни министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Возилото Цитроен во сопственост на Панче Жежовски од Велес и уште едно, возило Рено Канго се забележани како се движат заедно за првпат на 27 ноември, дотогаш немавме пријава дека колата му е исчезната. Со врзани раце на нозе и во една вреќа за спиење го изнесуваат надвор девојчето и го ставаат во гепек. Пред возилото Цитроен се наоѓа возилото Рено Канго кое цело време се движи пред нив. Однесена е надвор од Скопје, извршено е убиството и возилото е запалено – рече Спасовски.

Убиенот велешанец Панче Жежовски имал долг кон еден од осомничените, МВР и ОЈО претпоставуваат дека поради тоа бил избран да биде киднапиран и да му се земе автомобилот.

– Мотивот за убиството на Панче не е до крај јасен, но имал должничко-доверителски односи со еден од осомничените. Панче должел 500 евра на еден од осмничените и така е избран како жртва за да се земеме колата и да се киднапира девојчето, објасни обвинителот бубевски на прес конференција.

Според информациите од МВР, автомобилот на Панче бил пронајден запален.

Спасовски откри дека извршен е претрес на една политичка партија на која тие биле членови, но не кажа дали мотивот бил да се изнудат пари од мајката за да се финансира партијата. Средствата од станот кој мајката го продала претходно би можеле да бидат мотив за ова, истакна јавниот обвинител Бубевски.

Главен организатор и извршител според сегашните докази е осомничениот Палевски, кој некаде околу 10 часот на 27 ноември ја усмртил малолетничката. Ветувам дека овој монструм на кој му ја следиме трагата, ако час поскоро стапне на наше тло, ќе биде изведен пред судот – додаде министерот.

– Три лица се во притвор 48 часа затоа што уште е во тек обработка податоците од материјална природа, кога ќе има наоди од обдукција и од биолошки траги и вештачњеа во тој момент, денеска или утре МВР ќе излезе со соодветна пријава и тогаш ОЈО ќе отвори истрага за кој ќе можеме да кажеме многу повеќе детали. Постапката е во фаза на истрага. Мора краткотраен притвор за се да се документира. Ги фатило паника затоа што веќе им станало јасно дека се создава паника и дека полицијата е ангажирана, решиле да биде убиено девојчето. И нам не ни е јасно ако веќе мотивот бил користољубие. Не знаеме се точно, ова е од нивните искази. Треба да се потврди детално приказната, рече Бубевски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1