Јанева понудила малку пари за да излезе од притвор со гаранција


Катица Јанева понудила малку пари за да излезе од притвор со гаранција. Вредноста на становите на нејзините деца од 160 илјади евра не биле доволни за да ги убеди апелационите судии поранешната шефица од СЈО да излезе од Шутка. И на вишото јавно обвинителство кога дало негативно мислење – за жалбата на Јанева го посочиле токму малиот износ на недвижниот имот, пишува „Алсат М“.

Од Апелација и денеска убедуваат дека при нивната последна одлука биле исполнети условите и без гаранција таа да ја напушти ќелијата во Шутка . Но ваквиот став на Апелација ја изнервира Вилма Русковска која им се закани на судиите дека „ќе ги истресе од гаќи“. Министерката за правда, Рената Десковска не сакаше да ја коментира содржината на СМС пораката – не коментирала одлуки на судот и обвинителството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1