Српскиот амбасадор во Бугарија, Жељко Јовиќ го посетил во болница српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани, кој утрово бил повреден во тешката автобуска несреќа кај Софија.
– И покрај повредата, помогна во евакуацијата на патниците! Добро се чувствува, редовно ќе го посетуваме, се наведува во соопштението на Амбасадата, објавено на Твитер.