Минута молк и телеграми со сочувство од сите страни


Најсмртоносна автобуска несреќа во Европа во последната деценија – ваков наслов осамна кај дел од светските и регионалните медиуми кои известуваат за трагедијата во Бугарија.

Пораки со сочувство за настраданите пристигнаа од сите соседни држави, вклучително и од челниците на Европската Унија.

-Моето најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во трагичната автобуска несреќа синоќа во Бугарија. На повредените им посакувам брзо закрепнување. Во овие страшни времиња, Европа се солидаризира со вас. – напиша претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен.

Слични пораки преку социјалните мрежи упатија и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел и Еврокомесарот Оливер Вархеји. Официјален Кремљ пак ја објави телеграматса која рускиот Претседател Путин ја испратил до македонскиот колега Пендаровски

„Прифатете го моето најдлабоко сочувство во врска со смртта на граѓаните на вашата земја, вклучително и деца и младинци, предизвикана од сообраќајна несреќа во Бугарија“- Владимир Путин – Претседател на Русија.

Сочувство пристигна и од американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз.

-Во име на Американската амбасада, би сакала да изразам сочувство до семејствата кои ги загубија саканите и нашата поддршка за тие кои се повредени и чии срца се полни со болка поради трагичната автобуска несреќа. Напите мисли се со вас во ова тешко време. – напиша Кејт Брнз – Амбасадорка на САД во Македонија.

Телеграма со сочувство до македонскиот државен врв испрати и српскиот Претседател Вучиќ кој на повредените им посака и брзо и успешно закрепнување.

-Не постојат зборови со кои може да се опише болката што ја споделуваме со граѓаните на вашата земја. Молчејќи пред оваа трагедија, упатуваме молитви за утеха до семејствата на жртвите и до целиот ваш братски народ –стои меѓудругото во телеграмата од Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

Нема зборови за утеха во оваа трагедија напиша на социјалните мрежи албанскиот премиер Еди Рама кој изрази длабоко сочувство за настраданите. Слична порака упати и грчкиот премиер Мицотакис кој напиша дека нивните молитви се упатени до семејствата на оние кои ги загубија животите во несреќата.

Пред македонската амбасада во Софија граѓани полагаат свежо цвеќе во знак на сочуство за загинатите македонски државјани.

Европратениците од Бугарија денеска изразија сочувство за жртвите и нивните блиски на страотната автобуска несреќа преку минута молк во Европскиот Парламент

Бугарскиот претседател Румен Радев изрази сочувство до претседателот Стево Пендаровски за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која автобус регистриран во Република Македонија доживеа сообраќајна несреќа при што загинаа 46 лица.

– Во име на бугарскиот народ и во свое име, претседателот Румен Радев изрази искрено сочувство до семејствата и роднините на загинатите граѓани на Република Македонија, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите од катастрофата. Во ова тешко време, Бугарија и Република Македонија делат заедничка тага, солидарност и емпатија. Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји, наведува Румен Радев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1