Откако ќе се идентификуваат загинатите, ќе започне процес на транспорт на телата, вели Османи


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи упати сочувство кон семејствата на загинатите. Тој рече дека по завршување на идентификацијата на загинатите, ќе започне процес на транспорт на телата. Османи додаде дека не се надоместува загубата ниту тагата, бидејќи 45 животи веќе не можат да се вратат. Министерството за надворешни работи, според Османи, ќе работи на тоа да ги добие вистинските информации.

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва на прес – конференција изјави дека денес го живееме еден од најтажните денови во поновата историја на земјата.

Вели дека е активирана работна група која ќе биде во координација со цел справување со оваа голема трагедија.

„Во текот на денот, овозможивме измена на ковид протоколите, со што граѓаните, односно членовите на семејставата можеа да патуваат без никакви ограничувања. Се активираше СОС телефон, и беа контактирани сите семејства на загинатите, но и повредените“, рече Османи.

„Членовите на семејствата кои имаа потреба да патуваат во Софија, можеа непречено, без ковид протоколи. Имаше СОС број, а во текот на целиот ден беа контактирани сите семејства на загинатите, за да бидат информирани, но и семејствата на повредените и преживеаните.

Денес имав шанса да ги прашам за нивните впечатоци за несреќата. Пратив и двајца дипломати во Софија, за да помогнат на граѓаните. Утре продолжуваме со активностите со нашите колеги од Софија. Правосудните институции се во директен контакт за завршување на процесот за идентификација преку ДНК анализа“, кажа Бујар Османи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1