ЌЕ ПОБЕДАМ ВО 2 КРУГ ЗАТОА ШТО ГРАЃАНИТЕ САКААТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЈ РАБОТИ, ВЕЛИ СТЕВЧO ЈАКИМОВСКИ ОД КАРПОШ


Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од ГРОМ Стевчо Јакимовски оди во вториот изборен круг на Локалните избори против кандидатот на СДСМ Душко Весковски.

Според 100 проценти обработени податоци од Државната изборна комисија (ДИК), најмногу гласови освои кандидатот на СДСМ Душко Весковски (9.296), а втор е Јакимовски со 6.83o, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Зафировски е трет со освоени 6.551 гласови, кандидатот на Левица Дарко Ристовски освои 3.675 , а Христа Најданов на ЛДП/ДОМ 642 гласови.

Во Советот на Општина Карпош, пак, кандидатите на ГРОМ имаат многу помалку гласови за разлика од Јакимовски, само 2 .685. СДСМ во Советот освои 8. 801, ВМРО-ДПМНЕ 8. 019, Левица 4. 219, ЛДМ/ДОМ 618, а независната советничка листа на Независни за Карпош 2. 280 гласови.

Јакимовски вели дека ќе победи во вторниот круг и ќе биде иден градоначалник на Карпош, затоа што граѓаните почитуваат сработени и реализирани проекти.

„Во втор круг очекувам поддршка од сите опозициски партии. Граѓаните почитуваат тоа што во моите мандати е сработено во Карпош, препознаваат посветеност и веруваат во мојата програма и проекти“, вели Јакимовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1