Ќе се спасуваат весниците: Владата со 50.000.000 денари ќе ги поддржи печатените медиуми


Владата на последната седница на предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, го донесе новиот текст на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година.

Како што информира владината прес-служба, средствата за реализација на оваа програма, утврдени со Буџетот за 2019 година се во износ од 50.000.000 денари, а Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија ќе објави Јавен повик за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за пријавување на интерес за средствата од оваа програма во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа програма.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1