Џонсон размислува за повторно воведување карантин во Велика Британија


Британскиот премиер Борис Џонсон размислува за повторно воведување карантин во земјата поради брзото зголемување на бројот на нови случаи со Ковид-19.

Според британските медиуми, бројот на нови инфекции во Велика Британија се зголемува за најмалку 6.000 дневно, а бројот на пациенти кои се примени во болница со Ковид-19 се удвојува на секои осум дена.

Се очекува главниот епидемиолошки експерт во Велика Британија,Крис Вити, на денешната прес-конференција да соопшти дека земјата е дојдена до критична точка во пандемијата пред многу предизвикувачката зима.

Министерот за транспорт Грант Шнапс претходно денеска изјави дека сите карантински мерки ќе треба да бидат добро избалансирани и дека на компаниите ќе треба да им се дозволи да функционираат за да може земјата економски да ја издржи пандемиската криза, а со работа ќе продолжат и училиштата.

Велика Британкија и официјално е прва земја во Европа според бројот на смртни случаи, а петта во светот – 41.777.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1