„10 дена Крушевска република“: Се потсетуваме на аманетот на нашите предци да ја чуваме нашата држава


Собрани сме овде на Гумење каде пред 113 години е извршено пробното пукање од црешовото топче, на местото каде заседавал штабот на Горското начелство, на местото каде на 2 август 1903 година се одржала големата народна веселба по ослободувањето на градот, рече градоначалникот на Крушево и претседател на Културно-научните средби „10 дена Крушевска Република“, Ѓорѓи Дамчески синоќа на 49. свечено отворање на Манифестацијата.ilinden1903znameto_01

На отворањето со кревањето на бајракот, во присуство на Илинденските коњаници и со оддавање почит на знајните и незнајни јунаци, присуствуваше и премиерот Емил Димитриев.

Според Дамчески, без Илинден не ќе бевме Македонци, ниту државата ќе беше Македонија.

– Илинденската приказна жилаво опстојува и не опседнува, зашто не уверува дека иако сме мали можеме да кренеме глава, да пуштиме глас и да избориме прво на свое место под сонцето. Илинден е денот, а Крушево е местото од каде Македонија, како феникс од пепелта, се воздигна повторно. Крушевската Република е никулецот на македонската држава, нагласи Дамчески при отворањето на манифестацијата.

Според Дамчески, Република Македонија успеа да го надживее турболентиот период.

– Останавме верни на заветот врежан во Крушевскиот манифест, изграден врз темелите на вековната традиција на соживот и толеранција. Илинден е потсетување на пожртвуваноста на генерациите македонски родољуби, но и мотивација за оваа и идните генерации да се посветат на градење, чување и унапредување на бесценетата слобода на Македонија. Илинден е завет за вардење на идеалите, вредностите и принципите на македонските револуционери и претставува симбол, патоказ и инспирација за наредните генерации, истакнаа Дамчески.

Во своето обраќање до присутните, потпретседателот на Манифестацијата, Манојил Јаковлески рече дека Манифестацијата е време за оддавање почит на сите знајни и незнајни херои.

– „10 дена Крушевска република“ е време кога се потсетуваме на аманетот на нашите предци да ја чуваме нашата држава и да ја пренесуваме на нашите потомци. Повикот од Крушевскиот манифест беше пред своето време за да се обединат и да се сплотат сите обесправени. Денес, 113 години по Илинденското востание и 25 години од независноста сме исправени пред нови предизвици и затоа е битно да останеме обединети и единствени, рече Јаковлески.

Според Јаковлески историското искуство покажало дека секое надворешно вмешување довело до подлабоки поделби на македонското национано ткиво.

– Ако си ја растуриме куќата, најмалку е важно дали другите ќе ни речат браво или ќе ни се чудат, дали ќе не тешат или ќе ни се чудат. А Македонија во овие 25 години оддолеала на секакви притисоци, рече Јаковлевски нагласувајќи дека единственоста е пораката и заштитата од разнебитување на македонскиот народ и само сплотени се продолжуваат историските традиции и аманети од славните предци.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1