10 год девојче киднапирано среде бел ден во Струмица


Десетгодишно девојче од Струмица неколку часа било киднапирано од тројца непознати мажи завчера среде бел ден, на улица, во близина на нејзиниот дом, пишува „Нова Македонија“.


Mestoto-kade-se-slucilo-kidСпоред првичните информации,  девојчето околу 13 часот, кога се враќало од училиште, на улицата кај Црвениот крст било пресретнато од три непознати возрасни лица, кои го качиле девојчето во црн џип и го малтретирале и му дале за него, непознати таблети.
Засега не е познато дали по неколку часа девојчето се ослободило или, пак, киднаперите сами го пуштиле.

Околу 17 часот тоа било однесено во струмичката болница, каде што му биле направени првичните медицински испитувања, а случајот бил пријавен во полиција. Во разговор со инспекторите и со психолог, тоа раскажало што се случило.

Девојчето во болница го однела неговата тетка, со која живеело.
Струмичката полиција не открива детали за случајот, бидејќи се работи за малолетничка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1