10 год ученик починал од тромб кој предизвикал мозочен удар – тромбот добиен од удар


Патологот потврди дека на 10 годишното момче што почина во школскиот двор на белградското основно училиште “Кирил и Методиј“ му пукнал капилар во мозокот, предизвикано најверојатно од тромб кој допатувал во мозокот и се заглавил. Причина за смртта на момчето е мозочен удар предизвикан од тоа.

HRO-DECAK_620x0-Тромбот тргнал од удар, кој можеби се случил претходно. При обдукцијата стоев пред салата. Лекарите ми рекоа дека срцето му беше здраво како и белите дробови. Беше спортист. Молња на татко. На три  години почна да тренира пливање на ДИФ, а од седум ватерполо во Партизан – раскажува за “Блиц“ Далибор Цвејиќ, татко на малиот Богдан.

Помалата сестра на Богдан Ангела се уште не знае што се случило во школскиот двор. Прашува за него, го бара братот.

-Легна во неговиот кревет. Ги броеше медалите што Богдан ги освои, ги милуваше неговите пехари. Тоа не скриши. И рековме дека братот и е во болница. Школските психолози ни рекоа постепено да и соопштиме што се случило – раскажува Цвејиќ.

Тој завчера во манастирот Раковица каде го крстеле Богдан, запалил свеќа. Опелото и погребот беше вчера, и малечкиот е погребан крај својот дедо со кој од мал сакал да игра шах.

447393bogdan-cvejic-03rasfoto-milos-peric-fВо холот на училиштето, неговите соученици ги испишувале последните поздрави во спомен книгата, покрај која беше слика на детето, и букет со бели и една црвена ружа.

-Напишав: Нека те чуваат сега ангелите – вели негова другарка.

Потресената учителка на Богдан од Одделението III/4 се обидува да ги утеши децата.

Мораме да ги воспитуваме децата како да се носат со тагата. Психолозите се тука за нив. Утре нема настава, а препорака е децата да одат на гробишта во придружба на родителите, вели директорката на училиштето.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1