Во Уганда се готви закон со кој ќе се изрекува казна затвор за жените кои носат кратки здолништа. Новиот Закон за борба против порнографијата, кој треба да биде изгласан, предвидува и до 10 години затвор за жени кои ги покажуваат колената.
Покрај тоа, тие ќе бидат казнети со 10 милиони угандски шилинзи, што е околу 3 800 долари. Предлагачот на законот, министерот за етиката и интегритетот, смета дека “секоја облека која открива интимни делови на човечкото тело, е незаконска”.
„Секоја облека која ги открива колената е нелегална. Ако жена носи мини здолниште, ќе ја уапсиме “, вели уште Локондо.
Шокирани од строгите мерки, многу жители на земјата веќе се изјаснија против нив во социјалните мрежи со слоганот „Спасете ги мини здолништа! “.
На 22 март во Јужна Кореја стапи во сила закон со кој се забранува носењето на “Непристојна облека”, меѓу која и кратките здолништа. За прекршителите на забраната е предвидена парична казна во износ од 50 илјади вона или околу 45 долари.
На крајот на февруари и во еден мексиканскиот град беше ставена ваква забрана. Според началникот на локалната власт за безбедност носењето не е само неморално, туку било и предуслов за извршување на злосторства.
На крајот на 2012 година Кралот на Свазиленд исто така најави дека ќе забрани кратки здолништа. Овде се забранети и тесните фармерки и транспарентните горни делови. Причината за ова е тврдењето дека ваквата облека на жените, според властите, ги иритира силувачите. Казната за оние кои ја носат е затвор од 6 месеци.
Мини здолништата секогаш биле предмет на жестоки дебати. Пред децении тие беа жигосани од Ватикан како “бесрамни”. Во 1967 година биле забранети и во Грција.
Нивен противник бил и поранешниот американски претседател Ричард Никсон кој ја прогласи Белата куќа за зона “слободна од мини”. Во земјите каде што мини здолништата се дозволени, статистиката покажува дека девојките почнуваат да ги носат од 14-годишна возраст.
Фактор.мк