10 години затвор за Албанци кои војуваат надвор од државата


Со измените на Кривичниот закон, кои набрзо треба да бидат усвоени од албанскиот Парламент, учеството на албански граѓани во војната во Сирија или слични конфликти ќе се смета за кривично дело.

ubien sirijaПредлог-измените на законот како завршна верзија ги предлагаат повеќе пратеници предводени од претседателот на парламентарната законодавна комисија, Фатмир Џафај.
Со измените се предвидува казна затвор во траење од десет години за оние албански државјани кои војуваат во вакви конфликти.

– Албанските државјани, кои немаат во истовреме и државјанство на ни една завојувана страна во вооружен конфликт, кој се води надвор од територијата на Република Албанија, во иднина ќе бидат осудени на казна затвор во траење од десет години, ова е основата на предлозите кои биле поддржани и од меѓународните партнери, пренесува тиранската телевизија Топ-ченел.

Според истиот извор досега официјално е потврдено дека на сириските боишта загинале шестмина албански државјани, но тој број може да биде многу поголем зашто нивните тела се закопуваат во Сирија, а за тоа албанската држава нема официјални податоци. Претходно Владата на Косово усвои Предлог-закон со кој се настојува да се стави крај на практиката Косовците да учествуваат во војна надвор од земјата. Донесувањето на овој закон е инициран откако многу млади Косовци заминаа да војуваат во Сирија.

Со Предлог-закон со кој вклучувањето во вооружени конфликти надвор од територијата на земјата, во странска армија или полиција, се смета за кривично дело се предвидува затворска казна во траење до 15 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1