Африканските држави одлучиле да му објават војна на сајбер криминалот. По Кенија, ЈАР, Нигерија и Замбија и Танзанија воведува закон кој ќе ги регулира објавите на социјалните мрежи. Секој кој во Танзанија ќе сподели фотографии на луѓе без облека или ќе објави лага за некого на сите социјални мрежи вклучувајќи ја и Whatsapp или ќе направи некое друго злодело, може да заврши во затвор и тоа на 10 години, пишува БиБиСи.
Од воведувањето на овој закон многу Танзанци го намалиле престојот на Фејсбук и Твитер. Тешко е да се сфати како планираат властите во Танзанија да го спречат народот да споделување груби вицови, етничко стереотипизирање или споделување фотошопирани карикатурни фотографии од своите политичари, се прашува африканскиот новинар Џозеф Варунгу.
Законот донесен две недели пред избори
Владата образложува дека овој закон ќе ѝ помогне во сузбивањето на злосторствата кои не се регулирани со казнениот закон, како што е ширење лаги, побуни или порнографски материјал на интернет. Критичарите на законот истакнуваат дека ќе ја сузбие и слободата на изразување и на медиумите. Други пак тврдат дека законот е воведен само две недели пред одржувањето на изборите за да се стишат оние кои ја критизираат владата и владејачката партија. Веќе неколку жители на Танзанија добиле пријава по новиот закон и ќе мора да одат на суд.