10 години живеел со ножици во стомакот (Фото)


Еден човек од Казахстан цела деценија живеел со ножици во стомакот, кои докторите ги заборавиле додека го оперирале.

Карп Пономариов со години чувствувал болка во стомакот, но никако не можел да открие зошто му се јавува.nozicistomak

Но бидејќи болката повремено се јавувала и не била секогаш силна, тој не бил на преглед на доктор.

Кога пред неколку месеци сосема го изгубил апетитот и почнал нагло да губи во тежина, решил да се консултира со доктор.

Во болницата каде што заминал за преглед докторите направиле испитувања и дошле до шокантно откритие – во стомакот имал огромни хируршки ножицикои хирурзите ги заборавиле кога го оперирале пред 12 години.

 

Сега Карп повторно ќе оди на операција за да му ги отстранат ножиците и се надева дека ќе продолжи нормално да живее.

Хирургот кој го оперирал пред 12 години починал пред 3 години, а Карп вели дека не планира никого да тужи и само сака што побрзо да му заврши овој кошмар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1