Вчера околу 21,00 часот во с.Зубовце-Гостивар, во куќата на неговиот дедо, 10 годишен малолетник додека бил сам во една од собите, со леткум загревал куршум од гасен пиштол во пределот на капислата, при што истиот пукнал и му нанел повреда во пределот на показалецот на левата рака.
Повреденото дете е пренесено во Медицински центар -Гостивар и по укажаната лекарска помош е пренесено во Медицински центар -Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица -Гостивар.