10- годишно дете починало на голем одмор во училиштето


Десетгодишно момче почина вчера за време на големиот одмор на игралиштето на основното училиште “Кирил и Методиј“ во Белград, откако околу 16 часот паднало во несвест.

decak-tragedija-smrt-skola-beograd-foto-rts-1394841373-462269Брзата поош цел час се обидувала да го врати во живот, но за жал не успеала. Дежурниот лекар изјави за српските медиуми дека момчето веднаш е примено на одделот за интензивна нега, каде е констатирано дека нема знаици на живот, а причините за прерано загаснатиот детски живот ќе ги утврди обдукцијата.

Уште во 14 часот, кога дошол на училиште, се пожалил дека не му е добро. Имал главоболка и мачнина. На големиот одмор со другарите излегол да игра кошарка. Во еден момент припаднал, но другарот го задржал и му помогнал да седне на шахтата, каде и се онесвестил – објаснуваат неговите школски другари

Пред куќата во која детето живеело со родителите, помладата сестра и бабата синоќа се собрале поголем број соседи и роднини, кои рекле дека таткото на детето работи во Италија. Сестрата се уште не знае што е со братот, раскажува соседот, и додава дека треба да пристигне таткото на детето од Италија и на него му е кажано дека синот е во кома.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1