10 годишно девојче уапсено со појас со експлозив


Најмалку шест лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во нигерискиот град Kано, што е четврти ваков напад што го извршуваат жени, објави нигериската полиција, која притоа откри и дека во вторникот на друга локација уапсила 10-годишно девојче со елек каков што носат исламистичките бомбаши-самоубијци, пренесува порталот „Ол Африка“.

eksploziv elekНападот во Kано го извела млада студентка од техничкиот факултет. Засега никој не ја презема одговорноста за овој напад, но за претходните слични одговорноста ја преземаше радикалната исламистичка група Боко харам.

– Тинејџерката била забележана на влезот, но успеала да се пробие до управната зграда. Го активирала експлозивот, се разнела и убила уште пет лица – објави полицијата.

Само досега во 2014 година Боко харам ја презема одговорноста за смртта на повеќе од 2.500 луѓе во Нигерија. Kога во 2009 година се појави, оваа радикална исламистичка група, која некои ја сметаат за секта, ги напаѓаше само христијаните во желбата да ги протера или преобрати за од Нигерија да направи исламска држава во која ќе владее шеријатот, меѓутоа од 2013 година цел ~ се и припадниците на безбедносните сили и цивилите, како христијани така и муслимани.

Боко харам е основана во 2002 година како секта на салафитите, кои во прво време сакаа да прогласат исламска држава во северна Нигерија. Оттогаш во нејзините терористички напади загинале над 10 илјади луѓе. Групата која го забранува западниот модел на образование, а особено на жените, извршува напади и врз училишни комплекси и интернати, а во еден таков од април годинава киднапираше 276 ученички, од кои успеаја да побегнат 57, но судбината на 219 с` уште е непозната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1