Десетгодишниот Калеб Шваб загина на најголемиот воден тобоган во светот во Канзас Сити.
Инцидентот се случил на тобоганот Верукт на кој посетителите во сплав за тројца се спуштаат со брзина од околу 100 километри на час, од висина од 52 метри.
– Навистина не знаеме што се случи – рече портпаролот на аквапаркот Винтер Просапио.
Калеб во моментот на несреќата бил со мајката, таткото и браќата.