Десет лица загинаа при снимање на телевизиска емисија за францускиот телевизиски канал ТФ1 во Аргентина. Осуммина од загинатите се француски државјани додека другите двајца се аргентински пилоти на хелкоптери.
Во несреќата загинаа и француските шапиони пливачката Камиј Муфа (25 години), боскерот Алексис Вастин (28 години) и навигаторката Флоранс Арто (57 години), кога двата хеликоптери изнајмени од продукцијата на емисијата Дропед се судрија во лет.
Причините за сударот на двата хеликоптера не се познати.
Останатиот дел од екипата ќе биде вратен во Франција по прекинот на снимањето, а на трагичната вест реагираше и претседателот на Франција Франсоа Оланд