Да не се заборави – денот кога првиот Македонец го освои Еверест, го развиоре гордо македонското знаме, но за жал го остави и својот живот на високите врвови.
На 10ти мај 1989 пред 24 години Димитар Илиевски – Мурато од Битола како дел на македонската алпинистичка хималајска експедиција „Еверест ’89” се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест и при враќањето од врвот не успева да слезе во последниот висински логор на јужното седло и за секогаш остана таму.
Искачувањето е направено од јужната страна на Еверест заедно со словенечкиот алпинист Виктор Грошељ, хрватскиот алпинист Стипе Божиќ и шерпасите Сонам и Аџива.
Во негова чест е изграден и споменик на Пелистер, а секоја година се одржува и традиционален марш кој го носи неговото име
karas4training.com