10 нови празници во Македонија – Предлогот пред пратениците


Десет нови празници се воведуваат во официјалниот календар на Македонија и сите се наменети за најмалите етнички заедници со предлог-законот за измени на Законот за празниците кој денеска ќе се разгледува на собраниската Комисија за политички систем.

Ова е предлогот на група пратеници за измена и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија. Пратениците воедно предлагаат и промена на името на законот, во закон за празниците на Република Македонија.

– 8 февруари, ден на словенската култура, за припадниците на словенечката заедница.

– 15 март, национален ден на Унгарците, за припадниците на унгарската заедница.

– 3 мај, национален ден на Пољаците, за припадниците на полската заедница.

– 24 јуни, меѓународен ден на Балканските Египќани, за припадниците на египќанската заедница.

– 25 јуни, национален ден на Хрватите, за припадниците на хрватската заедница.

– 13 јули, национален ден на Црна Гора, за припадниците на црногорската заедница.

– 21 септември, национален ден на Ерменците, за припадниците на ерменската заедница.

– 22 септември, ден на независноста на Бугарија, за припадниците на бугарската заедница.

– 28 октомври, ден на независноста на Грција, за припадниците на грчката заедница.

– 4 ноември, национален ден на Русите, за припадниците на руската заедница.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1