1. Се карате за се
Факт kараниците се случуваат. Оние во врска не се ништо необично, ниту алармантно, а некои парови едноставно се караат повеќе од другите. Но, доколку караниците станаа пречести и за се, па дури и за најмалите ситници, тоа може да биде знак дека во вашата врска нешто не оди. Тогаш треба или да откриете за што станува збор или да ја прекинете таа врска, советува терапевтката Рејчел Сусман, авторка на книгата “The Breakup Bible”.
2. Избегнувате да поминувате време со партнерот/партнерката.
“Целата поента на врската и заљубеноста е во тоа што со таа личност сакате да поминувате што повеќе време”, вели Џејн Грир, психолог од Њујорк. Доколку вам не ви е приоритет да го поминувате секој слободен момент со личноста со која сте во врска, запрашајте се зошто воопшто сте со неа.
3. Се што ќе направи ви оди на нерви
Навиките на личноста со која сте во врска не ви пречеле на самиот почеток, но сега 97% од она што ќе го каже или направи ви оди на нерви. Доколку ова е секојдневна појава, тоа значи дека меѓу вас дошло до презаситување.
4. Живеете во минатото
“Јас само сакам работите да бидат како што некогаш беа,” велат многу жени. Но, тоа е невозможно. Покрај тоа, работите обично и не се како што се сеќаваат на нив. Одбивање да се справи со крајот често може да биде не само страв, но, исто така, и чуството на неуспех. Тоа е тешко да се прифати – дека нашите романтични соништа се претвориле во фијаско. А за емоционална сила да се признаат сопствените грешки и да не зборуваме. Изградте ја својата доверба повторно, излезете од разочарување и свртете се на оптимизам, трпение. По се, од некои соништа треба да се биде ослободен за да не се претвори во кошмар.
5. Не ви се допаѓа лицето во кое сте се претвориле
Дали полудувате кога ќе се слушнете сами себе како postojano zvoncate и критикуваат речиси секој ден? Дали, и покрај фактот дека сакате да излегувате да правите нешто со партнерот вие останувате дома секој викенд, бидејќи тој е или уморен или не му се допаѓа друштвото или …. ? одеднаш се погледнувате во огледало и не ви се допаѓа во каква личност сте се претвориле… постојано со пријателите дури и кога сте заедно зборувате само за тоа како кој кого повредил, погрешил … Дали е време да се повратите себеси?
6. Не сте подготвени за него/неа да направите било каков компромис
Компромисите и повременото жртвување се составен дел од врската, а значат дека за личноста со која сте во врска сте подготвени да го жртвувате сопственото слободно време. Доколку не сте подготвени да направите нешто такво, тоа значи дека не сте посветени на врската онолку колку што би требало, објаснува Сусман.
7. Не можете да замислите заедничка иднина
“Вашите животи навистина мораат да се поклопуваат и да одат еден со друг, доколку тоа е вистинската работа”, вели Сусман. Ако погледнете 5, 10 или 15 години напред и во својот живот не можете да ја видите личноста со која сте во врска, поставете си го прашањето дали тоа е всушност така затоа што таа личност не припаѓа таму.
8. Смислувате изговори за да избегнете секс
На почетокот на врската или за време на “медениот месец” не можете да ги тргнете рацете еден од друг. “Сосема е нормално паровите со тек на време да се оддалечат и да ги смират нивните сексуални апетити, но доколку сте дошле во фаза во која често гледате да ја избегнете интимноста, значи дека станува збор за подлабок проблем”, објаснува психологот Сусман.
9. Едвај чекате да излезете со друштво
Доколку излегувањата со партнерот биле на врвот на вашата листа на приоритети, а во последно време пријателите и излегувањата со нив ви дојдоа на прво место, тоа е знак дека нешто се променило во вашата врска. Секако дека не треба да ги запоставите пријателите поради партнерот или партнерката, но доколку излегувањата со нив ви станаа единствена причина за радост, тоа може да значи дека бегате од својот партнер и дека не ви е удобно да поминувате време со него.
10. Почнуваат да ве интересираат други личности
Дали е потребно објаснување? Доколку ви се случи ситуација за време на излегувањето одеднаш да поченете да флертувате со друга личност, без ниту малку грижа на совест, размислете зошто сте во врска.