Невладината холандска организација Тере дез Оме (Terre des Hommes) денес објавила дека создала виртуелно девојче од Филипините на кое му се јавиле десетици илјади предатори спремни да платат за да го видат десетгодишното девојче сексуално активно пред веб-камерите, што овозможило идентификување на најмалку илјада од нив, пренесува Дејли мејл.
Предаторите контактирале со виртуелното девојче наречено Свити, особено преку специјални форуми.
Тие биле подготвени да платат за да ја видат Свити во сексуални активности пред веб-камерите.
Биле идентификувани најмалку 1.000 од 65 различни земји. Невладината дошла до нивните адреси, телефонски броеви и фотографии и им ги соопштила идентитетите на надлежните власти.
На листата има и двајца мажи од Хрватска, како и двајца од БиХ.
Врз основа на податоците на ОН, во секој момент на Интернет има околу 750.000 педофили.