ЕУ ќе ги менува и ВЦ казанчињата – долго истражувале колку литри треба „за да отиде се“, а да се штеди


Европската комисија оваа недела треба да усвои нови критериуми за употреба на тоалетните казанчиња. Станува збор за нови економични со зафатнина од 3 и 6 литри, со кои ЕK прогнозира дека ќе се намалат трошоците за вода во европската заедница.

wc– Примарната цел на воспоставување на новите критериуми за тоалети е да се зголеми водната ефикасност за време на самата операција, изјави минатата недела за „Евроактив“, Џо Хенон, портпарол на еврокомесарот за животна средина, Јанез Поточник.

Ваквата одлука на Kомисијата доаѓа по тригодишно истражување и напорна работа на експерти за животната кои правеле споредби меѓу навиките на Европејците, нивниот однос и најдобрите можни практики во користењето на тоалетите.

Целта на мерките е да се усогласат стандардите поврзани со тоалетите. Новите правила ќе стапат во сила во сите земји-членки, од Лондон, до Букурешт и Софија. Се очекува Европската комисија да препорача употреба на шест литри вода при активирање на обично казанче и три литри за казанчиња од економичен тип.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1