102 сантиметри снег во Маврово


Највисока снежна покривка во Македонија изутринава е измерена во Маврово, 102 сантиметри. Во Поражаране висината на снежната покривка  достигна 41 сантиметар, 40 во Ѓуриште, 27 Лазарополе, 26 Крушево, 23 Пожар, 11 Крива Паланка, 6 Берово и еден сантиметар во Тетово.sneg

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Пожаране се наврнати 7 литри дожд на метар квадратен, 5 кај Зајчев рид Скопје и во Тетово, 4 во Маврово, 3 во Скопје- Петровец, Штип, Куманово и во Дебар и 2 во Виница. Најниска температура од – 6 степени Целзиусови изутринава е измерена во Маврово, по што следат Лазарополе со – 2 Крушево и Берово со -1, а  0 степени  во Крива Паланка, Куманово, Тетово и Дебар.

УХМР најавува дека во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален краткотраен дожд, на планините со локален снег.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1