Тажна глетка која ќе ги расплаче љубителите на морето, пловидбата и невидениот луксуз доаѓа од грчкиот остров Миконос. Наутичкиот портал „Superyachts News“ објави фотографии од 32 метри долгата јахта „Алоха“ , која пловела под американско знаме.
На дното на морето на грчкиот остров Миконсо завршија 11,2 милиони долари колку што чинела оваа наутичка убавица. Четири лица кои пловеле на бродот имале среќа бидејќи никој од нив не бил повреден. Сепак иако сите биле спасени, на нив баш не им било до славење, пренесува „Дејли меил“.
Засега неименуван извор за медиумите изјавил дека јахтата потонала бидејќи дошло до дефект на електричните инсталации.
Крајбрежната капетанија на Миконос ги превземала сите мерки за да се спречи евентуално излевање на горивото од јахтата и загадување на околното море.