11 милиони евра и имот во Чешка причина за притворот на Мијалков


Во жалбата доставена преку неговиот адвокатски тим, тој ја спори определната мерка поради повреди на кривичната постапка, погрешна примена на Кривичниот законик и погрешно утврдена фактичка состојба. Неговата одбрана бара укинување на притворот и враќање на претходно определената мерка за јавување во судот. Спорно за одбраната е што притворот му е определен без да го сослуша но и тврди дека никаде не е образложена опасноста од бегство.

Во аргументацијата се даваат оперативни сознанија на Управата за финансиско разузнавање, дека тој и неговото семејство имаат огромен имот во Р. Македонија и Р.Чешка, кој лесно може да се продаде, но, никаде не се наведени конкретните прекршувања и непостапувања по веќе изречените мерки на претпазливост.Во дописот од Управата за финансиско разузнавање видно е дека едно правно и физичко лице кои поседуваат финансиски средства во износ од 8.000.000,00 евра и 3.500.000,00 евра соодветно, кои иако се на име и на други физички и правни лица се сопственост на обвинетиот Сашо Мијалков, воедно за обвинетиот добиени се оперативни информации дека ќе се даде во бегство, односно истиот презема активности кои што укажуваат на сериозна опасност од бегство на обвинетиот.

За одбраната е нејасно и како судот ги поврзува лицето и фирмата кои поседуваат милионски суми на сметки со Мијалков, но и имотот кој бил на негово име. Па оттаму смета дека е слаба аргументацијата на судот во врска со оперативните сознанија со кои располага за негово бегство.

Опасноста од бегство според судот го зголемува и фактот што тој поседува имот во земјава и во Чешка, но и фирмата на неговиот син која имала високи приходи.

Адвокатите на Мијалков очекуваат јавната седница Апелација да ја закаже в понеделник или вторник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1