12 год дете пишувајќи графити го удрила струја – горело и молело: Спасете ме


Lokomotiva-i-decak

Помагајте, ми гори другарот! Го зграпчив противпожарниот апарат и трчав 300 метри. Меѓу 10. и 11. перон видов дете како гори. Плачеше и врескаше: Ве молам спасете ме! Крв му излегуваше од устата, а главата му беше повредена. Гореше како факел.

Во животот не сум видел ништо пострашно, а војував на Косово, изјави за Блиц Драган Милошевиќ, пожарникар и чувар на железничката станица во Ниш, кој прв стигнал на помош на 12-годишното момче Ѓ.М. кое доживеало струен удар од 25.000 волти.

Со возило на брза помош тешко повреденото момче е пренесено во болница, а очевидците за Блиц, велат дека отпаѓало месо од  јагленисаното тело.

451573-05nis-06-mesto-vagon-gde-je-djordje-stradao-k-kamenov

– Неговото другарче да дојдеше минута подоцна, целиот ќе беше јагленисан. Сакам да преживее и да го запознам – вели Милошевиќ.

Полицијата соопшти дека детето си играло до другарите качувајќи се на вагоните кога се фатил за високонапонскиот струен лак. Момчето со длабински  изгореници на 90 проценти од кожата е згрижено на клиниката за детска хирургија каде лекарите воделе битка за неговиот живот –  но за жал детенцето починало.

– Тоа се тешки длабински изгореници. Беше примен свесен, но набрзо стана дезориентиран и мораше да го приклучиме на апарат за вештачко дишење. Едната страна од телото му е јагленисана, односно прекриена со изгореници од четврт степен. Иако беше направено се од лекарите – момчето им подлегна на повредите

451587-05nis-03-majka-maja-sa-slikama-kad-je-djordje-bio-beba-k-kamenov

Тага во неговото семејство

-Срце мое, немој сега да ме оставаш. Кого сега ќе љубам во косичката – липаше бабата Светлана Митиќ, гушкајќи ја и бакнувајќи ја сликата на своето внуче. Таа со сопругот Зоран го пораснала Ѓорѓе, бидејќи мајка му се разболела уште додека била бремена, а таткото никогаш не го запознал.

Ѓорѓе е талентиран за цртање, од џепарлакот купуваше спрејови и бои. Со другарите излегол околу 13.30 часот. Не знаевме дека ќе одат на железничка станица. Се качил веројатно за да нацрта графит на стар вагон иако од нив вадеа и некои графитни шипки за цртање. Го удри струја.

Во Железници Србија жалат за тешкиот случај. Од таму велат дека вагоните биле на пропишаното место, а железничката станица не може да се огради бидејќи е долга со километри. Струјниот лак може да удри и со два метри далечина , па затоа е строго забрането качување на вагоните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1