12 годишниот Даријан „предава“ програмирање


Најмладиот учесник на презентациитe од областа на информатиката пред студентите на ФИНКИ и на Универзитетот на југоисточна Европа, организирани неодамна, беше Даријан Шекеров, пишува Република.drijan-500

Најмладиот учесник на презентациитe од областа на информатиката пред студентите на ФИНКИ и на Универзитетот на југоисточна Европа, организирани неодамна, беше Даријан Шекеров, пишува Република.

Даријан е и најмладиот учесник на сите натпревари по информатика меѓу средношколците. Всушност Даријан е само седмооделенец, но своите знаења за програмирањето ги споредува со многу постари и поискусни од себе. Но тоа не му пречи да освојува и места- на два пати го зема третото место на државно ниво.

Талентот на Даријан е неоспорен, за него се заинтересирале и професорите на ФИНКИ, и професори од други институции. За среќа, неговата дарба ја забележале и стимулирале родителите кои двоеле средства за, рака на срце, и не така евтините курсеви по информатика.darijan-2-500

Даријан досега во рака ги има дипломите за C++, Visual Basic за Windows апликации, Visual Basic за Web апликации, HTML и CSS, C# и Јava. Меѓу другото има создадено и свои апликации за компјутер и за андроид.

Покрај курсевите, Даријан и сам се надградувал, а сега е во „рацете“ на менторот Борис Попов, професор по информатика, кој преку Агенција за талентирани деца- информатичари, го подготвува за натамошни натпревари во информатиката.

Во време кога сè повеќе родители се борат со децата да ги оттргнат од комјутерите, таблетите или паметните телефони, за да поиграат надвор, ова е само еден пример дека доколку се увиди талент кај децата, тој треба да се развива. Макар бил и „пред монитор“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1