12 годишно девојче од струмичко најмладата жртва на трговија со луѓе


12 годишно девојче од струмичко е најмладата жртва на трговија со луѓе. Во моментов е на ресоцијализија и социјализација во шелтер центарот во Скопје.

pedofil siluvanjeОвој фрапантен податок го открија од невладината Продолжен живот со констатација дека возрасната граница на жртви од трговијата со луѓе се намалува, јавува струмичката телевизија Вис. Ако до вчера Македонија беше само транзит држава, денес има појава на внатрешната трговија со луѓе. А се намалува и возрасната граница на жртвите. 12 годишното девојче од Струмица е најмладата, но не и единствена малолетна жртва на трговците со бело робје.

Продолжен живот веќе петта година по ред низ средните училишта  одржуваат предавања со цел да ги запознаат младите за формите но и начините како да се заштитат од трговијата со луѓе. И семејното насилство е во пораст, најмногу трпат децата.

Во периодот од 2005 до 2012 година во прифатниот центар Отворена порта поминале 84 жртви на трговија со луѓе. Податоците на ОБСЕ покажуваат дека на меѓународно ниво дури 50% од жртвите на трговија со луѓе се деца.

Tv VIS

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1