12 годишното девојче кое беше најдено мртво, се лизнало во бањата – починала од повредите


Дванаесетгодишното девојче од Вратница што завчера беше пронајдено мртво во семејната куќа најверојатно се лизнало во бањата каде се капело и починало од здобиените повреди, велат извори од обвинителство. За време на несреќата таа била сама дома, а кога таткото ја нашол во купатилото веќе било доцна за помош.brza pomos

Според кажувањата на таткото, девојчето влегло во барањата да се искапе, а тој отишол во продавница. Кога таткото се вратил дома, забележал дека таа подолго време не излегува од бањата. Неколку пати викнал по неа и кога видел дека ќерка му не одговара, ја скршил вратата и го нашол девојчето легнато на подот без знаци на живот. Тој побарал помош од соседите кои веднаш се јавиле и ја повикале Итната медицинска помош. Лекарите само ја констатирале смртта кај дванаесетгодишното девојче. Девојчето имало повреда во задниот дел на главата во вид на оток.

За трагедијата да биде поголема таа била единствено дете во семејството, а мајката и била почината.

Јавното обвинителство треба да даде и официјален став за тоа дали случајот ќе биде затворен како несреќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1