Катастрофата е избегната, но опасноста од големи поплави се уште ја демне Србија. Српскиот народ 5 ден очи во очи со поплавите кои во одредени региони оставија пустош.
Благодарејќи на добрата и навремена организација и помошта која пристига од целиот свет, Србија се спаси од катаклизма од неоиписливи размери, но опасноста е далеку од помината, предупреди денеска претседателот на српската Влада, Александар Вучиќ. Неколку поголеми реки меѓу кои предничи Сава и понатаму се закануваат да ги разорат Шабац, Сремска Митровица, Обреновац, Пожаревац и Бариќ и да остават на улица стотици илјади луѓе. Вучиќ ги повика потенцијалните донатори и хуманитарци да и го испратат на земјата она што и е најпотребно.
Помошта во меѓувреме не престанува да пристигнува. Логистика,луѓе и хуманитарни пакети се упатуваат кон Србија од сите страни на светот.
Најкритичните периоди ноќеска биле во околината на Белград и селата од Западна Србија,каде евакуацијата практично и не престанува.
Досега од своите домови се евакуирани околу 25 илјади граѓани,а петмина ги загубија животите. Целосно поплавени се над 1800 домаќинства,а на уште 2300 им се заканува истата судбина.