12 работи кои цел живот ги чистите погрешно


Рерна – направете паста од вода и сода бикарбона, испрскајте по внатрешноста, оставете ја преку ноќ, а потоа со влажна крпа пребришете. Ако остане нешто, препрскајте со оцет и повторно избришете.

rerna

Даска за сечење – течноста за миење садови не е доволна за да ја одржите чиста, посебно ако даската е дрвена. Пред сапунот и водата, земете половина лимон и 1 лажица сол. Темелно истријте ја површината, а потоа измијте.

Тава за печење – кога жицата не помага, направете мешавина од ¼ шолја сода бикарбона и хидроген додека не добиете паста. Со неа истријте ја тавата и оставете да делува неколку часа.

Туш – бришењето нема да помогне, па затоа во една кеса за замрзнување ставете малку оцет и врзете ја со ластиче. Оставете 1 час, па пребришете со крпа.tus cistenje

Душек – ставете сода бикарбона низ целиот душек, почекајте неколку часа, па исчистете со правосмукалка. Тоа е се!

Ренде – кога ќе завршите со рендањето на некои лепливи состојки, земете еден компир и изрендајте го пред миењето. Киселината од компирот брзо ги чисти сите остатоци од храна, па потребно е само да го исплакнете.

Микробранова – не мора да ја чистите со сунѓер, постои подобар начин. Наполнете еден сад со вода и оцет, а потоа ставете го на висока температура 2 минути. Внимателно отворете, затоа што микробрановата ќе биде полна со пареа. Пребришете со сува крпа и воодушевете се од резултатите.

Играчки – соберете ги и исперете ги во машината за садови. Само внимавајте на материјалот.igracki

Ролетни – намокрете една стара чорапа во мешавина од вода и оцет и со неа избришете ги ролетните една по една.

Мрсна тава – сјајот тука не помага, затоа пробајте да ја истриете со крупна сол и малку вода.

Слики – наместо да се мачите со посебни крпи, земете парче леб и со него пребришете ја сликата.slika leb

Блендер – ставете топла вода и прашак за садови. Пуштете го да работи неколку секунди. Потоа добро исплакнете.

Crnobelo

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1