12 полицајци од еден од странските контингент кој помага во обезбедувањето на јужната граница позитивни на корона вирус. Сите полициски службеници се дел чешкиот контингент. Никој од нив немал симптоми на вирусот, но биле откриени после направениот скрининг пред заминување назад во матичната држава. Со тестирањето биле опфатени 40 полициски службеници. Резултатите покажале дека 12 од нив се позитивни на Ковид-19.
„Тие се веќе сите ставени во строг карантин, така да нема никакво излегување за нив. Како ќе биде одлучено понатаму ќе видиме, дали ќе си одат во матичната држава или ќе останат тука во карантин додека резултатите не им излезат негативни тоа ќе си одлучат повисоките инстанци. Во секој случај во моментот тие не се закана за градот и сите мерки се преземени“, вели д-р Сашко Олумчев – епидемиолог.
Веднаш по добивањето на резултатите, сите контакти на полицајците од странските контингенти се ставени во изолација. Во изолација се наоѓаат и македонските полицајци кои во изминатите денови имале контакти со нивните чешки колеги.