13 годишно девојче загина кога автомобил намерно влетал во пицерија во Париз


Една 13-годишна девојка е убиена, а 12 лица се повредени, кога автомобил, марка „БМВ“ намерно удрил во пицерија, во близина на Париз.

Нападот се случи синоќа, во малото место Септ-Сорт, 35 километри источно од Париз, но полицијата соопшти дека тешкиот инцидент не го третира како акт на тероризам.

Претставник на француското Министерство за внатрешни работи изјави за домашните медиуми дека полицијата го уапсила напаѓачот. Неговиот идентитет не се открива, освен што е соопштено дека тој е Французин и дека има 32 години. Полицијата за него нема никакво криминално досие.

За напаѓачот уште се знае дека пред неколку денови се обидел да се самоубие, но медиумите во Париз тврдат дека на првото сослушување во полицијата тој признал оти во автомобилот имал и оружје.

Четворица од повредените имаат здобиено потешки повреди, а меѓу нив е и помалиот брат на единствената жртва од нападот.

Франција е земја со најголем број убиени во напади врз цивили со некое моторно возило.

Неодамна на тој начин беа повредени шестмина француски војници, а како најсмртоносен се смета терористичкиот напад со камион во Ница, извршен минатата година на 14 јули, кога беа убиени 84 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1