Поради пожарите прогласена вонредна состојба на Закинтос


Грчките власти денеска прогласија вонредна состојба на Закинтос, каде веќе четврти ден беснеат големи пожари.

Според локалната противпожарната служба, на Закинтос горат пожари на 12 локации, но засега тие не претставуваат закана за населените места и хотелско-угостителските објекти на островот, кој е популарна туристичка дестинација.

Локалните власти соопштија дека во поголемиот број случаи пожарите се намерно предизвикани.

Во меѓувреме, продолжуваат напорите на пожарникарите за справување со големиот пожар што беснее североисточно од Атина, поради кој неколку илјади лица во регион денеска беа принудени да ги напуштат своите домови.

Според грчките медиуми, пожарот уништил десетици куќи во едно крајбрежно село во регионот на Каламос.

– Настана вистински хаос. Можеа да се видат куќи во пламен и луѓе како бегаат во паника. Пожарот е многу голем, изјави локален жител.

Во гаснењето на огнот учествуваат над 160 пожарникари со 68 противпожарни возила, два хеликоптери и два авиони „канадери“.

Засега нема инфромации за жртви при пожарот, но е предизвикана голема материјална штета.

Поради пожарот денеска властите спроведоа и евакуација на присутните во два младински кампа во реонот на Каламос.

Причините за овој пожар засега не се познати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1