13 наставници пред дисциплинска постапка – терале родители да докупуваат работни тетратки


13 дисциплински постапки против наставници кои на своја рака препорачувале дополнителни школски материјали. Наставниците предаваат во скопските основни училишта “Ј.Х. Песталоци“ и “Димо Хаџи-Димов“, а биле откриени при инспекцијата во 120 основни и средни училишта.

skolo knizaraИако за официјална употреба на материјалите Министерството немало дадено согласност, наставниците си организирале родителски на кои на однапред изготвени урнеци за согласност барале своевидно покритие од родителите за своите вонзаконски активности.

http://www.mon.gov.mk

Ристовски напомена дека целиот учебен материјал кој го обезбедува Министерството е сосема доволен и родителите не се должни напоредно да купуваат работни тетратки и литература, а наставниците и училиштата кои ќе бидат фатени во вакви бизниси ќе подлежат на високи казни.

Министерот ги повика родителите на кои во иднина ќе добијат слична понуда истата да ја пријават кај Државниот просветен инспекторат.

Сител

Сепак ова не се единствените училишта каде се барало да се докупат работни тетратки – според медиумите и сведоштвата на родителите тоа се право во речиси сите скопски училишта. 

Наставниците не смеат да бараат да се купуваат работни тетратки – ако ги пријавите казна е 15.000 евра

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1