13 приведени во Охрид и Тетово – посредувале во вршење проституција и недозволена трговија со дрога


Во акција на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и на МВР од слобода се лишени 13 лица, а едно лице е недостапно на органите на прогонот. Групата се занимавала со посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога, а нелегално стекнатите приходи ги прикривале со перење пари и други приноси од казниво дело. Претреси била извршени на 17 локации во тетовскиот регион и во Охрид.

Групата ја предводел 35-годишник од селото Боговиње, кој ги организирал и координирал криминалните активности во угостителски објекти во Жеровјане, Горно Седларце и во Охрид, а притоа наведувал на проституција странски државјанки кои работеле како танчерки во стриптиз-клубови.

Дел од групата биле и затворски службеник од затворот во Тетово и полицаец – виш инспектор од Тетово кои користејќи ја својата својата позиција и контактите, ги предупредувале за полициски акции, а вршеле влијание и за олеснување на прекршочните постапки кон групата и кон странските државјанки. Јавниот обвинител побарал притвор за приведените.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1