Кан Ваи (53), своето семејство го убил во мај 2000 година. Мотивот за убиството е дека во тоа време бил соочен со коцкарски долгови и не можел да обезбеди пари за да ги задоволи нивните потреби
Ваи од Хонг Конг, цели 14 години незабележително ги чувал мртвите тела на неговата љубовница и нивните деца, сокриени под креветот во изнајмениот стан во Шенжен.
Телата биле пронајдени кога осомничениот Кан побарал од својот сопственикот на станот од кого и го изнајмувал, да испрати хигиеничарка, за да исчисти додека тој бил отсутен.
Кога хигиеничарката пристигнала, почувствувала непријатна миризба која доаѓала од под креветот. Жената се наведнала и видела мртва жена и деца кои биле во состојба на распаѓање.
Според првичните информации, тој ја задавил жената, а децата ги задушил додека спиеле. По извршувањето на убиството се иселил од станот, а мртвите тела ги ставил во бродски сандаци за да избегне сомневања од страна на околината.