14 години затвор за убиецот на Ангел


Основниот суд Скопје 1 го осуди на 14 години затворска казна Насер Ештрефи, обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски од скопската населба Ѓорче Петров, објави порталот Академик.angel ubiec mk

Денеска одбраната и обвинителството цели седум часа ги изнесуваа завршните зборови. Според обвинителството, обвинетиот сторил убиство со умисла и свесно дејствувал во моментот на кривичниот настан.

Убиството се случи лани во мај кога Ештрефи се обидел да му украде велосипед на Ангел по што тој со татко му се стрчале да го фатат. Се случила тепачка во која Ангел смртно бил погоден во срцето со нож со сечиво долго 14 сантиметри. Ештрефи беше веднаш приведен. angel1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1