16 – годишниот А.Р. вчера околу 19 часот пред Мавровка во Скопје по кратка расправија со нож ја прободел 14 годишната Ц.М од селото Бојане.
Девојчето добило две убодни рани во пределот на левата натколеница, а напаѓачот се дал во бегство. Девојчето е префрлено во Градската општа болница и е надвор од животна опасност.