14 годишното момче починало на таванот од топлотен удар!


Четиринаесет годишниот Петар Вучиќевиќ кој вчера беше пронајден мртов на таванот од шталата во близина на неговата куќа во селото Трнава кај Чачак, според првичните информации, најверојатно починал  од топлотен удар, пренесуваат српските медиуми.

Телото е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта на ова младо момче.

tavan500Телото на Петар го пронашол неговиот постар брат, кoга се вратил од работа околу 20 часот видел дека го нема неговиот брат дома и прво го побарал на мобилниот телефон, но Петар не му одговорил. Веднаш потоа го пронашол неговиот телефон во кујната, но сепак не помислил дека се случило нешто лошо со неговото помало братче. Излегол со друштвото и се вратил дома околу 23 часот, по што се загрижил за помалиот брат и почнал да го бара. Бидејќи Петар имал навика да си игра на таванот од шталата прво го побарал таму и веднаш го видел безживотното тело на помалиот брат. Веднаш повикал брза помош, но веќе било предоцна.

На телото на 14-годишното момче, лекарите не пронашле сомнителни траги на насилна смрт. На лицето имало траги од повраќање, што укажува на тоа дека Петар доживеал тополотен удар и дехидрирал, но не се исклучува можноста и дека се работи за природна смрт, пишува Блиц.рс.

Мајката на Петар не била дома во моментот на трагедијата, бидејќи секојдневно заработувала берејќи малини. Дури денес успеале да ја пронајдат и да и ја соопштат трагичната вест за нејзиниот син.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1