14 куршуми биле испукани кон заменикот директор на УЈП – детали за убиството


А.К.(23) од струшкото село Велешта се сомничи дека вчера околу 13.155 часот, на улицата Маркс Енгелсова од пиштол испукал 14 истрели и од живот го лишил Аргетим А. (42) од Струга, соопшти МВР.Screenshot_160

„Настанот се случил во момент кога сега починатиот излегувал од деловен објект лоциран на истата улица во Струга. Во моментот, од патничко моторно возило марка „голф“ сребрена боја излегол сега пријавениот и од огнено оружје пиштол испукал 14 куршуми кон Аргетим А. кој на пат кон општата болница во Струга подлегнал на повредите. Смртта е констатирана од лекар во хируршкото оделение при општата болница во Струга, информираат од полицијата“, се наведува во соопштението од МВР.

Полициските службеници извршиле претрес во домот на момчето од Велешта и во дворот го затекле „голфот“ со струшки регистарски ознаки Во багажникот од возилото бил пронајден пиштолот со кој било извршено убиството, марка „ХС“ со рамка без муниција.205888

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1