Сончево, попладнево можна појава на пороен дожд и грмежи


Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови, а не е исклучена и изолирана појава на краткотрајно невреме со засилен ветер и ретка појава на град,соопшти УХМР.oblaci sonce vreme mk

Инаку, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени, УВ индексот ќе изнесува 8.

Во текот на утрешниот ден ќе настапи постепено стабилизирање на времето, но во источните делови сеуште е можна изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Потоа до петок следува стабилно суво и многу топло време, температури на повеќе места над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1