1400 деца од еден град сексуално злоставувани


Повеќе од 1.400 деца биле сексуално искористувани во британскиот град Ротерхам, во период од 1997-ма до 2013-та година.

 

siluvanje-vo250Децата кои биле злоставувани во Ротерхам биле стари се` на се` 11 години. „Тешко е да се опише одвратната природа на злоставувањето која ја доживеале жртвите. Ги силувале поголем број извршители, продавани се во други градови на север од Англија, биле киднапирани, над нив физички се изживувало и застрашувало“, рече независната истражителка Алексис Џеј која на конференцијата на новинари ги објави овие податоци.

„Некои деца биле поливани со бензин и им се заканувало дека ќе бидат запалени, биле сведоци на брутално насилни силувања и им се заканувало дека ќе бидат следни доколку некому кажат што виделе“, додава Џеј.

Третина од овие случаи во некој момент им биле познати на социјалната служба, но поради лошата проценка на вработените не биле детално разгледани.

Извршителите на овие злодела, според тоа како ги опишале жртвите, повеќето биле Азијци. Меѓутоа, властите не стапиле во контакт со тамошната пакистанска заедница за да разговараат за овој проблем.

„Не е пријатно да се чита за стравични искуства на многу млади луѓе и би сакал да им понудам искрено извинување на оние кои биле изневерени кога им била потребна помош“, рече претставникот на советот на Ротерхам, Мартин Кимбер. Тој додава дека побарал преглед на извештаите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1