СПЦ ќе го тужи поглаварот на МПЦ, Стефан


Ново заострување во односите меѓу српската и македонската православна црква. СПЦ соопшти дека ќе го тужи поглаварот на МПЦ за расколничко однесување пред црковен суд

stefanСинодот на Српската православна црква- СПЦ  одлучи да покрене црковносудска постапка против архиепископот Стефан, поглавар на Македонската православна црква, која е во раскол со српската црква, објавено е на интернет-страницата на СПЦ.

Спорот ќе биде покренат поради „упорното останување во раскол“, „нехристијанското учество во прогонот на архиепископот Јован- канонски поглавар на автономната Охридска архиепископија и неговото свештенство, монаштво и верен народ, како и цела низа други антиканонски активности“, се наведува на страницата на српската црква.

СПЦ и МПЦ со децении спорат околу статусот на православната црква во Македонија. МПЦ доби автономија од СПЦ во 1950-те години, а во 1967 година прогласи автокефалност. МПЦ досена не е признаена од помесните православни цркви, СПЦ ја смета за расколничка. СПЦ е незадоволна и поради тоа што нејзините свештеници немаат дозвола да работат во Македонија.

МПЦ пред две години го дополни своето име и сега се нарекува Македонска православна црква- Охридска Архиепископија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1